вторник, 17 октомври 2017  |  Вести денес: 39

FICTION – Fragile (Sting) – acoustic cover (ВИДЕО)

„Fiction“ е  акустично трио од Скопје, составено од три момчиња:  Петар Ѓуревски (главен вокал и перкусии), Виктор Захариев (гитара и придружен вокал), Филип Андонов (гитара и придружен вокал). По промоцијата на нивна прва преработка – песната “How deep is your love” на Calvin Harris & Disciples, еве ги повторно со нов, втор официјален кавер. Овој пат ја отсвиреа и отпејаа легендарната „Fragile“ од Стинг, песна која, како што самите велат, има огромно значење за наив како бенд и се надеваат дека ќе ви се допадне нивната изведба.

За видео и аудио продукцијата повторно се погрижил нивниот добар пријател и соработник Виктор Георгиевски .

Во продолжение ви предлагаме да ја преслушате изведбата на „Fragile“ – нивната нова кавер верзија и да го погледнете домашното видео .

#Коментари
[fbcomments]