вторник, 26 септември 2017  |  Вести денес: 0

ДАНИЕЛ КРСТЕСКИ ги следи нејзините правила: „Играј мала“ (ВИДЕО)

Даниел Крстески е релативно ново име на домашната естрада иако до сега има три песни, а деновиве ја издаде и својата најнова, 4 -та по ред, инаку прва авторска композиција насловена „Играј мала“.
Музиката и текстот  ги напиша самиот, додека аранжманот е на Владимир Дојчиновски – Дојчин. Песната е снимена во студиото на реномираниот македонски музички бард, композиторот Григор Копров.
Спотот за песната е снимен на неколку локации во Скопје и Македонски Брод. Режисер на видеото е Филип Јаќимоски. Девојката која ја игра партнерката на Даниел во спотот се вика Марија Милошеска.
Песната веќе се врти на домашните радиостаници, а видото можете да го најдете на Јутјуб.
Во меѓувреме Даниел паралелно со промоцијата на песната со својот тим веќе работи на спотот и на следната, 5-та нумера на која исто така самиот тој е автор.

Слушнете како звучи и изгледа видеото за „Играј мала“:

#Коментари
[fbcomments]