сабота, 23 септември 2017  |  Вести денес: 36

НА ИЗНЕНАДУВАЊЕ НА СИТЕ: Германската претставничка на Евровизија заврши во рацете на македонскиот убавец! (фото)

Годинава на Евровизија Германија ќе ја претставува младата прекрасна русокоса Изабела Левина со песната „Perfect life“.

Таа деновиве во рамките на промотивната турнеја гостуваше и во Македонија.

Нашата претставничка Јана Бурческа се покажа како одлична домаќинка и заедно со Левина имаше настап во еден скопски локал. Младите талентирани пејачки направија одлична атмосфера судејќи по фотографиите што осамнуваа на социјалните мрежи денови потоа.

Левина покрај овој настап имаше и гостување во емисијата „Стисни плеј“. За оваа пригода таа комплетно се препушти на магичните раце на стилистот Александар Билјановски Дадар, кој дополнително ја истакна нејзината убавина, но успеа да ја задржи нејзината природна нота во изгледот.

Сигурни сме дека на нашиот убавец и не му претставувала оваа работа потешкотија бидејќи станува збор за вистинска германска убавица.

Слушнете ја нејзината песна за Евровизија!

#Коментари
[fbcomments]