четврток, 21 септември 2017  |  Вести денес: 66

Ванчо Иван Петрушевски – легендата на македонското глумиште замина во пензија!

Ванчо Иван Петрушевски, роден во Скопје, 1951 година. Веднаш по завршувањето на Високата музичка школа – Отсек за актерски кадри во Скопје, во 1975 година се вработува во Драмски театар – Скопје, каде неговиот раскошен талент го истакнува веќе во првата претстава „Ослободување на Скопје“ од Д. Јовановиќ.

Остварувајќи улога скоро без текст, тој покажува дека е актер со голема внатрешна сила и енергија, дека знае да навлегува во драмските ликови мошне студиозно и стилски изнијансирано.

Особено инетерсни и целосни карактери Петрушевски остварува во комедии и проекти наменети за деца. Учествува во голем број радио-драмсики проекти, телевизиски драми, филмови, серии и друго.

Ванчо Петрушевски е познат и како голем македонски родољуб и патриот, човек кој неизмерно ја сака својата земја, својата татковина Македонија и својот народ. Кога требало секогаш со својот авторитет и настапи бил меѓу првите на браникот на татковината, што го покажал во безброј прилики.

Вчера,19 април 2017 година на својот 66 роденден, Ванчо Петрушевски и официјално замина во пензија. Административна. Но, не ги остави ниту театарот, ниту глумата.  Зашто, за големите актери, улогата на пензионер е само фиктивна!

Поважни театарски улоги:

Јаков – Дупло дно од Г. Стефановски
Јове Лапало – Пангуриј од Р. Богдановски
А. Жуниќ – Сомнително лице од Б. Нушиќ
М. Траси – Џингис Кан и Мики Трас од В. Парун
Повеќе ликови – Чудото на Св. Ѓорѓија од Р. Богдановски
Јанко – Собирен центар од Д. Ковачевиќ
Ристо Чија си? од С. Насев
Миле – Грев или шприцер од С. Насев
Лаки – Маратонските го трчаат почесниот круг од Д. Ковачевиќ
Аце – Сега му е мајката од Г. Стефановски
Питер – Зоолошка приказна од Олби
Соте – Солунски патрдии од Коле Ангеловски

Други претстави: Полнета птица, Ловечка сказна, Коприварник, Ноќ спроти Водици, Женски оркестар, Харем, Вујко Вања, Словенски ковчег, Платонов, Земјомерот, Тетовирани души, Сон на летната ноќ, Марисол, Халмет од Долно Гаштани и други.

ТВ и филм:

Досије К од В. Петрушевски, р. Ванчо Петрушевски, ТВ, 2007
Битолски лакрдии, ТВ серија, 2002
Ристе – Погрешно време, ТВ серија, 2000
Македонски народни приказни, ТВ серија, 1989 – 2000
Каца, р. Драган Вељановски, ТВ филм, 1999
Хихирику, Радио и ТВ хумористична серија
Салон Хармони, р. Тихомир Бачовски, ТВ серија, 1998
Матеј – Ангели на отпад, р. Димитрие Османли, 1995
Грев или шприцер, р. Миле Грозданов, ТВ филм, 1993
Време живот, р. Иван Митевски, филм, 1992
Тетовирање, р. Столе Попов, 1991
Елелига Пепелига, р. Ѓорѓи Стојановски, 1991
Поштар, р. Богдан Поп Ѓорчев, 1991
Опстанок, р. Миле Гроздановски, 1990
Memo, main Vater, 1988
Среќна нова `49, р. Столе Попов, 1986
Трето доба, ТВ серија, 1986
Ангелариј – Климент Охридски, ТВ филм, 1986
Сотка – Солунски патрдии, р. Коле Ангеловски, ТВ серија, 1985

Диво месо од Г. Стефановски, ТВ филм, 1984
Виновник, р. Зоран Младеновиќ, Филм, 1983
Илинден, р. Димитрие Османли, ТВ серија, 1983
Пресуда, р. Трајче Попов, 1977

Награди:

Награда „Димче Трајковски“ за епизодна улога на Тетарските игри „Војдан Чернодрински“ – Прилеп за ликот на Јаков во претставата „Дупло дно“ од Г. Стефановски
Најпопуларно ТВ лице според веснокот „Вечер“ за 1987 година
Награда за најдобро актерско остварување на филмот и телевизијата според анкета на ревијата „Екран“
Награда за најдобро актерско остварување на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ – Прилеп за улогата на Јанко во „Собирен центар“ од Д. Ковачевиќ

2016 – Награда 23 Октомври за животно дело.

Ванчо Петрушевски покрај актерството, успешно ја креира и својата втора уметничка пасија – сликарството.

Извор:Наше театарче

#Коментари
[fbcomments]