сабота, 29 април 2017  |  Вести денес: 10

(ФОТО) Градоначалниче Жерновски, која е твојата омилена дупка?

Скопје – метропола. Центарот на градот – мета на туристите. Има и своја општина и свој градоначалник. И секако илјада причини за само едно прашање: Работи ли тој човек, нешто? 

Добро, направи две „Боемски улички“. Да има кај да се јаде, пие, ашикува… И толку! Останатотот остана само во најава. Во радуј се – ќе биде!  А, од се што бидна, најмногу биднаа дупки по улиците во Центар! Нема уличка, море нема сокаче да нема своја дупка. Само нема кој да ги санира. Ама, ако не му текнува на Андреја, им текна на центарци. За да го потсетат, дека треба да му текне!

Повеќе од 100 дупки по улиците на Центар, граѓаните ги пополнија со цвеќе за да му текне на градоначалникот да сработи нешто, пишува на Фејсбук страницата „Центар сака да дише“, на која ги споделија и фотографиите.

Сто дупки, сто цвеќенца и само едно прашање од нас за крај. Не, не е она истото од почетокот на текстот! На него одговорот е познат… Се гледа од авион!

Нашето прашање е поинакво. За него ја искористивме сексапилната Михаела и нејзиниот букет цвеќе за да го запрашаме Жерновски: „Градоначалниче, која е твојата омилена дупка“?  Во Центар, секако!

#Коментари
[fbcomments]