вторник, 22 август 2017  |  Вести денес: 58

(ФОТО) Македонската „Бонд“ девојка: Запознајте ја „огнената“ црвенокоса Дани Ѓуровска

Уникатна, талентирана, впечатлива, вака накусо можеме да ја опишеме младата модна дизајнерка и блогерка Даниела Ѓуровска, чија силна страна е модата која целосно го исполниува нејзиниот живот. Даниела е студент на Технолошко Металуршкиот факултет на насоката Дизајн и инженеринг на облеката во Скопје, а досега сме имале можност да видиме нејзини креации како студент на „Моден викенд Скопје“.

Дека во оваа млада креативка се крие необична инспирација и талент, се препознава од начинот на кој го презентира својот стил  на сопствениот моден блог „DGjurovska“.

Неодамна Даниела позираше во креации изработени и инспирирани од темата „Bond Lady“, а за љубителките кои сакаат да остават претпознатлив печат, блогот на Дани е вистинска инспирација која отскокнува од комерцијалното, а ја нагласува индивидуалноста.

фото:фејсбук/блог DGjurovska

 

#Коментари
[fbcomments]