четврток, 29 јуни 2017  |  Вести денес: 0

Давор Јордановски и „ВОДА“ – „Калина (Назад, назад)“

Во напливот на пработки на македонски изворни или фолклорни теми во модерен стил, вредно е да се одбележи една верзија на македонската народна песна која потекнува од Пиринскиот дел на Македонија, а беше многу популарна последниве години. Ова особено откако нашата Сузана „Национале“ Спасовска и Новица Василевски одново ја отпејаа во дует, откако ја слушнале при едно гостување на еден од фолк фестивалите во Бугарија.

Се работи за песната „Назад, назад Калино моме“, овој пат преаранжирана, отсвирена и отпеана во етно џез верзија, од страна на нашиот клавијатурист, композитор и аранжер, Давор Јордановски кој последнава деценија живее и работи во Торонто, Канада.  Иако снимена уште во 2014 година, темата изобилува со модерен аранжман и неконвенционална музичка визура, а сепак не го изгубила својот оригинален изворен фолклорен код. Преаранжирана и продуцирана од самиот Јордановски кој свири клавијатури и пиано, на неговата верзија од песната уште свират и пеат балкански музичари собрани под името „Вода“:

Влада Младеновиќ – тапани, Огнен Георгиевски – бас, Александар Јовановиќ – гитара, Анита Ѓорѓевиќ – вокал, Горан Гојевиќ – кларинет и бас кларинет, Јанко Балабан – акорд и Илија Катиќ – перкусии.

Слушнете како звучи оваа верзија на „Калино моме“…

#Коментари
[fbcomments]