понеделник, 21 август 2017  |  Вести денес: 67

Кичевчани бараат свикување на итна собраниска седница на која единствена точка на дневен ред ќе биде распишување на нови избори

Пред Домот на културата во Кичево вечерва се одржа протестен марш на иницијативата „За заедничка Македонија“ на кој беше истакнато дека најдобро решение за излез од кризата е одржување на нови парламентарни избори.

kicevo protest 2

– Нови избори е основното барање на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија”. Граѓаните даваат масовна поддршка и ние затоа велиме „не“ за тиранската платформа. Тоа ќе биде најдоброто решение за крај на политичката криза на нашата татковина, рече Даме Силјаноски во име на граѓанската иницијатива.

Тој додаде дека бараат свикување на итна собраниска седница на која единствена точка на дневен ред ќе биде распишување на предвремени парламентарни избори.

 

#Коментари