сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 31

Spectrum – „Hymn Оf Persecution“ (ВИДЕО)

Spectrum е progressive/core метал бенд од Скопје, Македонија кој е формиран во почетокот на 2016 година. Под влијание се на многу жанрови, експериментирајќи  од една страна со поагресивен звук, а од друга со помек, помелодичен и атмосферичен стил тие ја креираат својата униката и модерна музика која во последно време е во пораст на глобалната музичка сцена.

Spectrum е инструментален бенд составен од: Филип Мирчевски – тапани, Стефан Петановски – соло гитара, Стефан Митев – ритам гитара и Александар Јарчевски- бас гитара.

Бендот располага со музика која го привлекува вниманието на различни целни групи, од поддржувачи на помирната, помелодична до поддржувачи и на поагресивната музика. Со нивната динамика тие умеат да ги раздвижат но и наежат своите слушатели.

На 06 април 2017 год. бендот имаше концерт во бифето на Кино Фросина во МКЦ, организациски поддржан од “Млади за Скопје”.

#Коментари
[fbcomments]