петок, 18 август 2017  |  Вести денес: 0

Џоле го добива „Тоа што ќе посака“ (ВИДЕО)

Од студиото на „Токсиколози“ излезе ново парче музика заедно со видео запис. Станува за збор за соло песна на Џоле од „Токсиколози“, а песната е насловенаТоа што ќе посакам“. Видеото е снимено во еден кадар или еден тејк, иработка позната како One-Shot. Снимател бил Кристијан Теодоров, кој се погрижил и за светлото, а видео монтажата е на Кристијан Манчевски Инструменталниот дел на песната  е на Иван Костадинов-Панда, а за миксот и мастерингот се потруди Дамјан Дамески.

Од „Токсиколози“ велат дека завршија со промоција на песни и видеа од нивниот албум „Пушти глас!“ и дека во моментов  подготвуваат уште неколку новитети кои ќе ги промовираат во периодот што следи. 

Дотогаш погледнете го новото видео за „Тоа што ќе посакам“.

#Коментари
[fbcomments]