среда, 28 јуни 2017  |  Вести денес: 21

А-ПРИ-ЛИ, ЛИ-ЛИ…!

 

Sherlock203-002

Листам некња утрешни новини, и коа читам по тоа рекламните огласи: „Евтино уградуеме подно грејање“! Мајку му, си викам со умот, многу сум слушал за тоа, али никад не сум видел како изглеа! А, може да биде практична ствар. Јер пази, не знам зашо, али за време на „плес љубави“, мене увек као по правило ми се дешаа  уместо на кревет, последното танго да го „плешам“ на патос. Ај, летно време и некако, али зимоска – ужас! Замисли, таман си се подзгреал у тоа увертирата со дотичниот егземплар, коа одједном треба у не знам која поза да се сурваш на ламинат или не дај боже у кујна на плочки и да попијеш грч ладен патос. Уше ако ти се деси ти да  изиграаш чергиче, т.е., ако те распостелат, за врз тебе лагодно да си праат задовољштина, може да ти се деси таков кикс, шо сакал – неќел, ќе мораш да почнеш да зимаш часови по пеење, јер ионака ќе те прогласат за Фреди, Елтон или Џорџ! Како кој Фреди? Па, Фреди Меркјури! Сеа одма  ти текна кои се другите, така? Епа тоа ладното може така да те пресече, па изненада да ти се деси на најслаткото „мачорот жално да ти свие глава надоле“ од студ. Шо се чудиш ? Па не џабе на секој оток за да спадне му ставаат лед! Па после иди ти докажуј дека тоа шо ги обожааш Џорџ Мајкл или Елтон Џон е због хитоите шо ги прааат, а не због нивната нарав!

Него, се јавуем ја на тоа огласот, коа с друге стране добијам одговор на пахуљасто – свилен нежен женски глас: „Демонстрација на системот по куќи и станои невршиме. Дојдете кај нас у фирма да ви закажеме презентација“! Ја нагрнуем ја тоа вентијагата, обувам новите  кондури и правац на наведената адреса. Праам културно „чук, чук Стојанче“ на врата и одма влегуем, коа  унутра љубазно ме дочекуе млада секретарица и доека и објаснуем шо намена има мојата посета, од суседната врата преко пута искача елегантно попуњена госпожа, стегната у црн корсет и тегет костимче, чипкана чарапа, штикла 12 сантима, нашминкана, дотерана… ма, све крцка на неа бе брат! И онака целата лизна – мазна уз љубазен осмех, ни го прекинуе муабетов со девојчево и док  ми приоѓа, ми вика:

Screenshot_18

„Добро бе Рамбо ,да знаев дека толку сум се променила шо не се распознаам, уместо фирма за подно отоплење, ќе отворев салон за масажа и слабеење“! И таман да кажам: „Каква си, боље би ти било да отвориш фарма за гудиња“, лагано дигам глаа за боље  да ја зумирам!  Ја идентификујем и не могу да верујем: „Жане-Жаруља“, лично! Брат, не сум ја видел уше од времето на Тито, коа пар години након смртта на Стариот, откоа и стана јасно дека и поред целата наша пријатељска дружба због незаборавни тренутци, ја не сум фраер од типот: „Доѓи да остаримо заједно“, набрзина се омужи со Ивче-„Педерче“, још брже у него се разочара и се разведе, јер со импотентно педерче, ни потентен манга од истиот сој  не би можел да живее, а камо ли она! Након разводот си ги собра тоа куферите и док си рекол ауф, преку ноќ  му ја збриша за Немачка.

Screenshot_16

И док си паѓаме еден на друг у загрљај и меѓусобно мењаме пољупци, упаѓаме кај неа у канцеларија, а у нутра  шо да ти причам: фатирана врата со скај изнутра,  аларми и  кодирани брави, сеф, видео камери по ѕидои, персиски ќилим нога да ти пропадне до глуждои, кожна гарнитура – 4 фотељи и незнам колкусед од каршија, биро од ораховина, апарат за филтер кафе, ДВД, смарт ЛЦД фул ха-де, систем, компјутер, штампач,  скенер, два Ајфона 5, еден фиксен, факс, фотокопир, и остала допунска опрема… ма, нема шо нема. Као да си влагол кај Бил Гејтс, а не кај фрау Жана у канцеларија. Уше џакузи и сауна фалеа.

Screenshot_17

Наздравуеме ние двајцата така со по едно  „Курвоазије“ и док евоцираме спомени од младоста, она ми раскажуе како све би било другачије да сакав поред неа да дочекам пензија, али шта ќеш… Судбината пуста да остане! А  ја, као шо ме дал Бог жалостив и носталгичен, не можев да издржам да ја глеам така тужна со насузени очи, и таман станав да и подаам една марамица од тоа „Паломата“ шо ми се нашла по џебои, коа не знам како се деси, али за трен ока се најдов кај неа у наручје, испружен на тоа тепихот. А, пошто ја од бившиот и супруг управо се разликуем по приодот кон нештата и афинитетот према истите, коа ми удри притисокот у глаа, па коа сум ја разгузил бе брат  по тоа персијанерот од незнам колку иљади чвора… Од доле: ем меко, ем топло од тоа подното греење, од горе: ем мазно и округло, ем слатко од „Жаруљата“… и коа ќе видиш испадна чоек на нејќење да спои лепо и корисно!

Screenshot_19

Откоа завршивме со тоа кафе-мафето, т.е.  практичната презентација на системот, госпожава док ме испраќаше на врата, ми бутна два проспекта у рука, визитка у џеп и ми вика: „Јави се, ќе ти дое  џабе, ќе видиш. Има да бидеш презадоволен! Имаш   50 % попуст, плус на колкусакаш рати, плус знаеш дека за рука не ти зиам!“

Screenshot_21

И таман стигам така замислен со тоа брошурите под мишка дома, коа у двор се разминуем со некое чоече со тонекоја смешна торба у рука. Влагам дома и ја прашуем дотичната кое е типчево со торбана шо ми се шуња по авлија, коа она ми вика дека викнала мајстор за конечно да смени гумици на чешма у кујна и гo отпуши судоперот, пошто мене на ништо не ми текнуе, па ни на тоа.

Screenshot_22

„И колку ти зема?“ – ја прашуем,а она ми вика: „Ништо! Ми рече или еднаш да му даам или нешто да му испеам“.

„И ти која песна ја избра ма?“ – ја прашуем ја неа и умирам од смеење јер одма ми текна на она со пејачите ала Фреди, Елтон, Џорџ…, коа она мене: „Абе, ја тебе на певаљка ли ти личам?“

И таман се уозбиљив и сместа почнав да го тражам по фиоките у кујна тоа касапскиот нож за да ја заколам као коковче, коа она, почиња да зајдуе од смеење и да вика: „Априли ли ли, г’зот ти свири…“!

„Ќе ти свири и тебе, ама утре!“ –  си викам ја у себе: „Коа  ќе биде: април пројде, клоца дојде“!

 

#Коментари