понеделник, 26 јуни 2017  |  Вести денес: 59

(ВИДЕО) Горан Наневски со своја преработка на евровизиската „Dance Alone“

Песната „Dance Alone“, со која Јана Бурческа за само неколку дена ќе ја претставува нашата земја на годинешното издание на „Евровизија“, стана инстант хит уште од самото објавување во март, па познати пејач(к)и и помалку познати музички таленти направија и свои верзии објавувајќи ги на своите канали на Јутјуб.

Еден од нив е и Горан Наневски, млад велешанец што студира на филолошкиот факултет во Скопје, кој очигледно одлично се снаоѓа и во музичките води. Шармантното момче само ја зеде гитарата в раце и запеа, а со таков талент навистина нема ни потреба од нешто друго. Со неговата верзија на „Dance Alone“ можете да уживате  во продолжение.

#Коментари
[fbcomments]