четврток, 29 јуни 2017  |  Вести денес: 0

Граѓаните на Кичево порачаа: Никој не смее да си игра играчки со земјата

zzm kicevo

Пред платото на Домот на културата во Кичево продолжи грѓанскиот протест на иницијативата „За заедничка Македонија”.

На присутните им се обрати Даме Силјаноски кој рече никој не смее да си игра играчки со земјата.

-Никој нема право и нема да му биде дозволено да го крши Уставот и да замислува дека незаконски ќе избира преседател на Собранието како да бира преседател на куќен совет. Ако за оние кои даваат поддршка за незаконските дејствиа во Собранието Македонија е играчка, за нас е светост и со неа нема играње, како што нема и со нас, рече Силјаноски.

zzm kicevo1

Побара од институците да спроведат постапка против сите кои се обидоа да извршат државен удар и, како што рече, вон сите процедури, кршејќи го Уставот да бират преседател на Собранието.

-Во ова земја газда е народот. Излегуваме на улица да им покажеме на провокаторите кои сакат со силување на Уставот да дојдат на власт, на оние кои се закануват со палење, убивање, и судски прогон на граѓаните кои ја сакат Македонија, на оние кои не нарекуват терористи затоа што сакаме да го спречиме теророт врз нашата мила земја, дека во нашиот ген не постои зборот покорување, туку само зборот непокор, порача Силјаноски.

zzm kicevo2

Ќе им кажеме, додаде, дека стравот што го имаат од нас им е оправдан и оти ќе избубат, бидејќи тие морат да изгубат за Македонија да победи на нови предвремени парламентарни избори кои мора да се одржат заради иднината на нашата земја.

zzm kicevo3

#Коментари