петок, 18 август 2017  |  Вести денес: 0

ДНК тргнаа во „Невозможна мисија“ (ВИДЕО)

 

Сцени како на филм – убава девојка… сиромав селанец… богат бизнисмен… нива… трактор… бркотница… скршено срце… И не станува збор за некоја акциона сцена, туку сето е дел од приказната во новото видео на Панчо и Андреј за темата насловена “Невозможна мисија”.

Станува збор за комплетно нова песна зад која како автори се потпишуваат Панчо и Лазар Цветкоски, додека видеото е во реализација на Даниел Јовески, со кого на  рнб двоецот ова им е прва соработка.

Сцените се снимани на неколку интересни локации во Охрид и во неговата околина, поточно во ексклузивниот угостителски објект Мистер Ај и во селото Лакочереј. Приказната, пак, всушност е битка за љубовта на убавата девојка. Битката ја бијат сиромавиот селанец и богатиот бизнисмен. Селанецот кој безрезервно се вљубува во девојката решава да ја продаде својата нива, единствениот извор на средства за егзистенција, само за да купи ексклузивен автомобил Исузу Ди макс со кој би ја фасцинирал. И откако ќе се реши на овој чекор само за да го освои срцето на својата љубена, во чија улога се појавува некогашната ТВ водителка на естрадниот магазин „Бекстејџ“ и Нова ТВ, моделот Симона Станковска, инаку членка на модното студио Црнокрак, се случува пресврт…

“Мислам дека направивме одлично видео, ова ни е прва соработка со Даниел, но навистина сме задоволни како излезе се” –  изјави Панчо, кој во спотот го глуми вљубениот селанец.

Премиерата на спотот со наслов “Невозможна мисија” на ДНК можете да ја видите подолу, како најава за нивниот славенички концерт, закажан на 12 мај во Метрополис арена.

 

Билетите веќе се пуштени во продажба, а истите можат да се набават преку продажната мрежа на МК Тикетс. Заедно со Андреј и Панчо, концертно  ќе слават и нивните специјални гости: Роберт Билбилов, Магдалена Цветкоска – Ена, Дарко Илиевски, Тамара, браќата Тавитјан…и други!

Погледнете го премиерно видеото:

#Коментари
[fbcomments]