петок, 23 јуни 2017  |  Вести денес: 76

Виз Ер Скопски маратон го раздвижи срцето на Скопје

Во раните утрински часови на Плоштад Македонија во Скопје илјадници натпреварувачи и граѓани навестија прекрасен ден кој ќе го паметат со години.

 13-от Виз Ер Скопски маратон го стартуваа рекорден број на 8.500 учесници од 51 држава. И оваа година Виз Ер Скопски маратон успеа да се надмине себеси во поглед на организацијата и бројот на учесници.

За време на маратонот полека се раѓаше позитивна енергија, додека тркачите се подготвуваа на стартната линија. По самиот почеток на маратонот, полумаратонот, штафетниот маратон и трката од 5 километри безброј насмевки и радост во исчекување на уште еден натпреварувачки ден исполнет со забава и тимски дух го преплавија срцето на Скопје.

 

Оваа година како промотoрки на Виз Ер Скопскиот маратон трите сестри близначки од Естонија, Леила, Лина и Лили кои трчаа на маратонската трка на Олимписките игри во Рио, се дружеа со натпреварувачите за време на трките. Леила, Лина и Лили се феномен во спортот, посебно маратонското трчање, поради храброста и инспирацијата која ја вдахнуваат кај сите тркачи. Тие прв пат започнале со трчање на 24 годишна возраст и се првите три сестри во историјата кои некогаш учествувале на Олимписки игри. Од почетокот на нивната кариера сестрите отсекогаш тренирале заедно и претставуваат синоним за тимскиот дух кој постои помеѓу нив. Овој дух го воочија илјадниците натпреварувачи кои учествуваа на Виз Ер Скопскиот маратон.

Тринаесеттото издание на маратонот е под покровителство на Град Скопје, Мисијата на Европската Унија и Агенцијата за млади и спорт. Маратонот од 2007ма година е темелот на здравиот начин на живеење. Секоја година месеци пред Виз Ер Скопскиот маратон се повеќе и повеќе луѓе може да се видат на улиците на Скопје и на кејот на Вардар како се подготвуваат за самата трка.

 

 

 

 

Извор: Курир.мк

#Коментари
[fbcomments]