вторник, 17 октомври 2017  |  Вести денес: 47

(ВИДЕО) Ања Ветерова тргнува во балканска офанзива со „Рамбамбам“

Младата пејачка Ања Ветерова растеше на сцената пред очите на јавноста, а сега веќе дојде време да се збогува од тинејџерката во себе и пред публиката да се претстави во едно позрело и похрабро издание, како музички така и визуелно.

Деновиве Ања го промовира својот најнов сингл насловен „Рамбамбам“ со кој има намера  да го освои и Балканот. Имено, таа веќе два месеца живее на релација Скопје-Белград,  а причината за тоа е нејзината соработка со една од најголемите музички продукции во Југоиточна Европа – „Ај-ди-џеј ворлд“ (IDJ world).

Музиката и аранжманот на новата песна ги потпишува Дарко Димитров, додека текстот е на Линдон Бериша. За пакетот да биде целосен, пејачката снимаше и видео спот кој е во реализација на продукцијата „НН видео“, a Ветерова во оваа нејзина најнова видео приказна настапува заедно со танцовата група „Битрикс“ од Скопје,чија кореографија ја направи Ивана Балабанова.

Сексапилна, динамична и дива – ова е новата Ања Ветерова и нејзината „Рамбамбам“:

 

#Коментари
[fbcomments]