петок, 23 јуни 2017  |  Вести денес: 76

Солзи радосници, прегратки и рози пред „Јане Сандански“: Вардарки пречекани како победнички на „фајнал фор“

Денеска пред спортскиот центар „Јане Сандански“ навивачите на Вардар ги пречекаа ракометарките кои вчеравечер беа поразени во финалето во Лигата на шампионите од Ѓер со 31-30 по продолженијата.

По трите бронзени медали, ракометарките на Вардар денеска се вратија во Скопје со сребро од  „фајнал фор“. И покрај тоа што се закитија со сребрениот медал за македонската јавност, Вардарки се вистинскиот шампион во ЛШ.

Меѓу луѓето кои ги дочекаа ракометарките беа и Индира Кастратовиќ и Тимур Дибиров, кои честитаа за одличниот настап.

#Коментари
[fbcomments]