вторник, 26 септември 2017  |  Вести денес: 0

Кристина Арнаудова e одново „Љубена“ (ВИДЕО)

 

По музичката пауза заради веќе познатите приватни причини, но и поради тоа што периодов повеќе бев посветена на работата во моето здружение Проект Среќа, отколку на музиката, деновиве конечно пуштив во етер нов сингл.

Со оваа изјава  Кристина Арнаудова го најави своето враќање на музичката сцена, пуштајќи ја песната да се врти на македонските радиостаници, ветувајќи дека  наскоро истата ќе добие и своја визуелизација во вид на спот. Темата е насловена Љубена“, чија музика ја потпишува Алена Попова, стиховите се на на самата Кристина, аранжманот го направи Дарко Тасев, а сето тоа е снимено во новото студио на Кристијан Габроски.

„Звукот е оној што сте навикнале да го слушате од мене, кој сè уште и по толку години не можам да го сместам во ниеден жанр“ –  вели Арнаудова за новата песна, со која паралелно ја  претстави и ја својата нова фотосесија. Сесијата ја изработија: фотографот  Жарко Ќулиќ, стилистот Ивана Кнез, шминката е на Фросина Фран, а за косата се погрижи студиото Урбан артист.

„Искрено се надевам дека песната за кратко време ќе и се залепи за уво на публиката, бидејќи се работи за исклучително заразна песна“ – вели пејачката, најавувајќи дека спотот за неа планираат да го сработат следниот месец, но се’ уште немаат никакви детали околу него.

Во меѓувреме, преку објавеното стиховно видео слушнете како звучи темата „Љубена„ на Кристина Арнаудова:

#Коментари
[fbcomments]