сабота, 24 јуни 2017  |  Вести денес: 47

Тајфата на Села на средба и со Харадинај (ФОТО)

Тајфата на пратеникот во македонското Собрание, Зијадин Села, претходно беше тајфа на поранешниот лидер на ОВК, Рамуш Харадинај. Откако Харадинај беше ослободен од францускиот суд во Коламру, по одбивањето на барањето на Србија за негова екстрадиција, познатите косовски криминалци, браќа Геци, беа на средба со него, пишува Република.

На 2 мај браќата кои се бивши припадници на УЧК и извршители на повеќе убиства, браќа на озогласениот косовски криминалец кој се бара со меѓународна потерница, Гани Геци, за извршување на повеќе убиства и други тешки кривични дела, се фотографираа во друштво на Харадинај.

Српското обвинителство го товари Харадинај за воени злосторства на Косово и Метохија кон крајот на ’90-те години од минатиот век.

На собирот по повод враќањето дома на Села и на собирот по ослободувањето на поранешниот лидер на ОВК присуствуваше и Рефик Черими, советник на Оливер Спасовски, генерален секретар на СДС. Меѓу гостите на Села беше и Мухамед Зекири, пратеникот од редовите на СДС.

Извор: Курир

#Коментари