вторник, 26 септември 2017  |  Вести денес: 0

Живко Динев – Жика порача: „Струмица да запее“ (ФОТО ВИДЕО)

Некогашниот бас гитарист и вокал на „Браво бенд“, Живко Жика Динев, има нова песна. Откако го напушти бендот, Жика тргна соло и тоа само како пејач, но овој пат запливувајќи во фолк водите. Се разбира ако не ги броиме хотелско-ресторанските и свадбарски настапи како член на новоформираната група „Мерак тајфа“.

Првата официјална песна за нов музички почеток на Жика беше всушност дует со легендарниот Миле Кузмановски во заедничката песна  „Живели брате“ за која музиката и аранжманотги напиша Благој Маротов, додека текстот го потпиша Елвир Мекиќ.

Новото, второ по ред  музичко чедо на Живко Динев на некој начин е посветено на неговата родна Струмица и носи наслов „Струмица да запее“. Локал патриотизам или умешност во новиот почеток најпрвин да се тргне со освојување на сопственото буниште, останува Жика да одговори!?

Овој пат музиката и текстот ги напиша стариот соработник на „Браво бенд“ и нив повремен придружен член, саксофонистот Јане Рафаиловски, додека аранжманот го потпишува Бобан Мојсовски. Песната е реализирана во музичкото студио „Анастасија“.

„Драги мои… слушнете ја мојата нова песна (втора по ред)… и ако ви се допаѓа шерувајте…  Голема благодарност и до мојот колега Џамбо Агушев и нормално до моите браќа од Мерак тајфата,  посебно до мојот ДУЛЕ (Душко Филев ) за несебичната поддршка…“ – ќе напише Жика  на својот фејсбук профил промовирајќи ја песната.

Епа, слушнете ја „Струмица да запее“ на Жика и ако ви се допаѓа… шерувајте!

#Коментари
[fbcomments]