петок, 18 август 2017  |  Вести денес: 57

Елена Велевска доби непристоен предлог: Може да пееш кај мене во кафеана, само ако си се развела! (ФОТО)

Колку и да изгледа дека животот им е песна, сепак последниот пример на фолк пејачката Елена Велевска покажува дека естрадниот леб и не се вади така лесно, како што некои мислат. Дека народњаците прават пари од музика е неспорно, ама дека при тоа се осочуваат со разно-разни „пациенти“ е помалку познато. А нив ги има и меѓу таканаречените обични обожаватели, Фејсбук фанови, гости во кафеана… па се до естрадните менаџери или газди на угостителски локали, како во случајов.

Имено, Елена Велевска постираше телефонска преписка или поточно вибер порака на која јасно се гледа „непристојниот предлог“  на „пацијентот“ кој се претстваил како газда на кафеана. Прочитајте ја па самите заклучете дали се работи за естрадна понуда за настап или „дијагноза“?  Одговорот самиот ќе ви се каже од телефонската порака на угостителот – мераклија на „разведени пејачки“! Како што самата Елена вели: „За мојот живот секогаш другите знаат подобро од мене“!

Бидејќи Велевска се’ уште е среќно мажена, газдата на нејзиниот настап во неговата кафеана, ќе мора да почека. Изборот ќе мора да го сведе на остатокот пејачки од фолк естрадата, кои во старт го исполнуваат неговиот главен услов – да се „среќно разведени“… А понудата не е баш мала!

#Коментари
[fbcomments]