сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 31

Вечерва финалето на „Евровизија 2017“

Со почеток од 21 часот, во Киев вечерва ќе се одржи големото финале на 62. по ред, издание на Изборот за песна на Евровизија, во чии рамки ќе се натпреваруваат 26 земји. За жал, Македонија ни годинава не доби шанса да се бори во главната битка, а од регионот се пласираа само претставниците на Бугарија, Грција и Хрватска.

Иако повеќе од два месеца фаворит за победа беше Италија, обложувалниците од вчера прогнозираат триумф за Португалија, што воедно ќе биде и прв за оваа земја. Меѓу првите пет се и песните пратени од соседна Бугарија, Белгија и Шведска, а која од нив ќе ја понесе титулата Песна на Евровизија за 2017 година ќе дознаеме некаде после полноќ.

Преносот во живо ќе можете да го следите на првата програма на МРТ, како и на Интернет, на официјалниот евровизиски канал на Јутјуб. 26-те финалисти ќе настапуваат по овој редослед:

1. Израел
2. Полска
3. Белорусија
4. Aвстрија
5. Ерменија
6. Холандија
7. Mолдавија
8. Унгарија
9. Италија
10. Данска
11. Португалија
12. Aзербејџан
13. Хрватска
14. Aвстралија
15. Грција
16. Шпанија
17. Норвешка
18. Велика Британија
19. Кипар
20. Романија
21. Германија
22. Украина
23. Белгија
24. Шведска
25. Бугарија
26. Франција
#Коментари