петок, 18 август 2017  |  Вести денес: 0

„Сирилик“ и Дина Јашари – „Во тебе се гледам“ (ЛИРИК ВИДЕО)

После одличните ремикси на неколку македонски, но и светски хитови, прилепското електронско дуо „Сирилик“ деновиве го објави својот нов сингл, кој го сними во соработка со младата и талентирана пејачка Дина Јашари. Шармантната скопјанка воедно е и авторка на стиховите, додека музиката е дело на „Сирилик“.

Темата насловена „Во тебе се гледам јас“, која уште при првото слушање ветува дека ќе биде хит, стигна заедно со текстуален видео запис, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.

#Коментари
[fbcomments]