петок, 18 август 2017  |  Вести денес: 0

Сите го знаете нејзиното име: Мартија Станојковиќ со нова песна – „I don’t Know Your Name“ (АУДИО)

Новата песна на талентираната Мартија Станојковиќ е насловена  или во превод: „Не го знам твоето име“.

Оваа песна припаѓа на стилот на музика кој Мартија со задоволство го пее и полека станува нејзин препознатлив печат, музика по која нејзините фанови и слушателите генерално ја препознаваат.

После нејзиниот прв сингл LOVE WILL LEAD OUR WAY (Љубовта не води), песната со која ја претставуваше Македонија на јуниорскиот евросонг 2016 во Малта, а која наиде на одличен прием кај нејзините фанови таа е спремна за нова музичка авантура со нова песна која ќе ја промовира на своите ФБ и Инстаграм профили во текот на денешниот ден.

Комплетен автор и продуцент на I DON’T KNOW YOUR NAME е Александар Масевски.

Иако Мартија е многу млада (13 години) таа сака да пее сериозни песни кои лежат на бојата на нејзиниот вокал, песни кои најмногу ги чувствува и каде што најмногу може да ги покаже своите вонсериски гласовни способности.

За оваа песна ќе биде снимен и видео запис но засега покрај нејзиното емитување на македонските радио станици, ќе имате можност да ја слушате и аудио/текст верзијата на Јутуб.

#Коментари
[fbcomments]