петок, 18 август 2017  |  Вести денес: 0

Синот на легендарниот Војо Стојаноски – Дамјан, го сними првиот видеоспот – „Тешко мина докторе“ (ВИДЕО)

На младиот пејач Дамјан Стојаноски, инаку студент на Факултетот за музичка уметност (ФМУ) во Скопје, отсек соло пеење, несомнено дека  музиката ќе му биде  идна професионална определба,  иако засега естрадата и пеењето му се само хоби и страст. Според стилот и  определбата кои ги негува, тој  е логично продолжение на татко му и она што тој го испеа за сите овие години, ако се знае дека Дамјан е син на легендата на македонската фолк музика, прерано починатиот Војо Стојаноски.

Последната песна  на младиот Дамјан насловена „Тешко мина докторе“, доби и свој видеозапис. Се работи за една прекрасна изворна, народна песна од Пиринскиот дел на Македонија, која тој ја изведува во негов стил. Новиот аранжман за песната го направил Златко Миладиноски кој ја свири и тамбурата, а на зурла, тапан и кавал на неа како гостин свири Џељо Дестановски, додека на втор тапан е Стефан Симјаноски.

 

Видео записот е сниман на прекрасните локацијии, крај манастирот Света Недела во селото Оровник, Охрид, а спотот го изработе ИН Продукција.

Како сето тоа звучи и изгледа, погледнете и слушнете и самите:

#Коментари
[fbcomments]