недела, 25 јуни 2017  |  Вести денес: 51

TАРА не одмара – истрча од музичката фабрика на Билбилов со „Луд сум по тебе“ (АУДИО)

Македонскиот пејач Александар Тарабунов по учеството во мјузиклот „Тајно моја“, за кој беа потребни прилично долги и напорни подготовки во МОБ, повторно и се враќа на естрадата. И овој пат со нова песна, но сосема поинаква и поразлична од сето оноа што досега сме навикнале да го слушаме од Тара.

Имено, од „музичката фабрика“ на Роберт Билбилов, Тара излезе со темата „Луд сум по тебе“ на која како комплетен автор се јавува самиот Билбилов, кој самиот ги напишал музиката, текстот, аранжманот… за песната и  ја продуцирал и снимал истата во своето музичко студио.  Единствено на композицијата како гостин на сакс се појавува извесен Валентин „Валисакс“ Видовиќ.

Инаку песната е во поп манир, но по малку во кабаретски стил, измешана со џез призвук и свинг примеси од 30-ите, но со модерна продукција како одлика на сегашното време, иако итриот лисец Билбилов точно знаел дека не смее продукциски да ја преоптоварува за темата да не го изгуби  духот на минатото кој го носи во себе.

Тара вообичаено, сигурно и убедливо ја отпеал, па „Луд сум по тебе“ навистина има претензии да стане вистински летен хит кој ќе се врти на радиостаниците, но и кој ќе се пее и на кој ќе се џуска ова лето по плажите, клубовите и дискотеките ширум Македонија.

Конечно, во тоа е убеден и самиот Тара:

Ако сте љубители на македонска музика, преслушајте ја и шерувајте ја „Луд сум по тебе“, новата песна на Тара.

#Коментари
[fbcomments]