среда, 23 август 2017  |  Вести денес: 0

Боро Бро – „Јас честам“… а тие две тверкаат (ВИДЕО)

 

Зад псевдонимот Боро Бро се крие момчето од прилепскиот асфалт, кому хип-хопот и рапот, очигледно му се во крвта. Борче Блажески деновиве ја сними својата трака со темата „Јас честам“ и видеото за неа. Битот е позајмен од MJK Beats, стиховите се на Боро, а сето тоа е снимено и измиксано во прилепското студио „Точак“.

Видеото го потпишува видеопродукцијата Конески, а во него покрај Боро Бро,  две секси танчарки (за кои нема информации дали се од прилепскиот асфалт или се увезени), жешко тверкаат и заводливо ги мрдаат заоблените газиња во ритамот на музиката.

Ова е тоа што ме исполнува, што сакам да го работам, музиката е моето секојдневие и мојата енергија сакам тука да ја споделам. Започнав со пишување уште на помлади години, виновник е мојот живот, и со оваа песна сакам да се претставам во најдобро светло на сцена.  Долго време го очекував овој момент, спремам и албум, здравје Боже, брат, да биде сè како што треба, па и тој ќе си излезе“ – изјави неодамна Боро Бро промовирајќи ја својата песна и видеото.

Како сето тоа звучи и изгледа кога Боро Бро чести, слушнете и погледнте во продолжение:

#Коментари
[fbcomments]