среда, 18 октомври 2017  |  Вести денес: 0

Убавата Каљтрина- врвен музичар и талентиран мејк-ап артист

 

Кога ќе ја погледне човек оваа жена, на прв поглед остава впечаток како светски позната дива. Убава, згодна мајка, едноставно човек да и позавиди. Од мали нозе се занимава и ужива во музиката, Каљтрина Круезиу е скопјанка и професорка во средно музичко училиште, но покрај музиката има неверојатен талент за шминкање.

Никогаш не помислувала дека еден ден ќе се занимава со шминка, затоа што потекнува од музичко семејство, каде нејзината мајка и браќата се врвни музичари и уште од пет години таа свири клавир, па нормално за неа било и да заврши на музичка академија.

Но уметничкото во неа смета дека го наследила од својот татко, кој бил ликовен уметник и кој по цели денови цртал на платно, па токму тоа е и главаната причина за љубовта кон шминката.  Шминкањето го засакала уште од мала додека си играла со шминките на нејзината мајка.

Убавата Каљтрина секој нов тренд го испробува прво на себе, па потоа на младите девојки. За шминката вели дека многу ја исполнува бидејќи финалниот резултат се гледа и 100 отсто зависи од неа, што не е случај и со музиката за која колку и да си добар професор сепак важна е и кооперативноста на самите ученици.

И покрај сите секојдневни обврски Каљтрина е секогаш нашминката и средена од глава до пети и воопшто не ја мрзи да го прави тоа.

За неа отсекогаш приоритет било семејството и нејзиното три годишно синче со кое го поминува секој слободен миг, но вели дека е тешко да се работат две работи одеднаш и воедно секогаш да изгледаш беспрекорно, но тоа е она што го прави животот поинтересен  и поисполнет и те тера да со цениш максимално секој миг поминат со блиските членови на семејството.

sminka

 

#Коментари
[fbcomments]