вторник, 22 август 2017  |  Вести денес: 21

Крцкави и вкусни: Пица ролнички за 10 минути

Потребни состојки:

  • замрзнато лиснато тесто
  • тенко исечени парчиња кулен
  • кашкавал
  • оригано
  • масло
  • пица сос за сервирање

Подгответе го лиснатото тесто и со нож исечете го на правоаголници или, уште подобро, доколку можете набавете веќе исечено лиснато тесто.

Подготовка:

На средината на секое правоаголниче лиснато тесто наредете неколку парчиња кулен, така што малку ќе се преклопат, а врз нив ставете кашкавал. Врз сето тоа наросете оригано.

2-horz

Натопете ги краевите од тестото и преклопете ги двата краеви кои се најблиску до кашкавалот. Потоа натопете го и крајот кој е свртен кон вас и мотајте кон другиот крај.

4-horz(5)

Откако ќе ја замотате ролничката, натопете го и другиот крај бидејќи водата на лиснатото тесто има ефект на лепак, па ќе стои цврсто замотано.

6-horz

Загрејте масло ставете ги ролничките да се пржат по неколку минути, а потоа ставете ги на хартиена крпа.

8-horz(1)

Ролничките се готови, но за да имаат вистински пица шмек во еден сад ставете пица сос или кечап и уживајте во оваа совршена комбинација.

11-horz(1)

извор:попара.мк

#Коментари