вторник, 17 октомври 2017  |  Вести денес: 46

(ВИДЕО) Прв спот на South Park за „Најмил мој“

“Најмил мој” е насловот на новиот сингл на групата South Park. Оваа урбана скопска група ја сочинуваат: Светлана Јовановска-Трајкоска – вокал, Зоран Костадиновски – гитара, Виктор Николовски – бас гитара, Благојче Пенов – тапани и Горјан Стојменовски – гитара.

Автори на “Најмил мој” се самите тие, односно музиката е на гитаристот Зоран, текстот на пејачката Светле, додека аранжманост е заеднички.

Миксот и мастерингот на песната ги изработи македонскиот композитор Александар Масевски, а пак видео записот, кој наедно е прв видео запис на South Park, го изработи Александар Ристовски – Принц.

Погледнете:

#Коментари
[fbcomments]