среда, 20 септември 2017  |  Вести денес: 74

Младите македонски фудбалери на турнир во Кина

Македонската фудбалска репрезентација до 15 години од денес до 29 мај ќе учествува на интернационалниот турнир за млади селекции во Шангај, Народна Република Кина.

Покрај нашата репрезентација предводена од селекторот Марио Станиќ, на турнирот учествуваат и селекциите на Кина, Северна Кореја и Киргистан.

Станиќ за натпреварите во Шангај ги повика следните фудбалери:

Голмани: Марко Алчевски (Талент), Алекса Јорданов (Црвена Звезда, Србија);

Одбрана:Јасин Сали (Њу Старс), Гораст Стојменов (Металург), Александар Ѓурковски (Вардар), Спасе Терзиев (Академија Пандев), Рилинд Ајдини (Работнички);

Среден ред: Алтрим Јакупи (Шкендија), Али Асани (Вардар), Иван Николов (Брегалница), Лука Станковски (Работнички), Филип Андоновски (Металург), Стефан Ѓорѓиев (Њу Старс), Димитар Тодоровски (Работнички), Влада Новески (Војводина, Србија);

Напад:Филип Костовски (Македонија Ѓ.П.), Марио Костевски (Работнички), Методи Максимов (Брегалница), Марио Илиевски (Вардар), Харис Хоџиќ (Работнички);

Воведниот натпревар Македонија го игра на 24 мај против Кина, два дена подоцна ќе се соочи со Северна Кореја, додека на 28 мај се среќава со Киргистан.

Извор: Курир

#Коментари