четврток, 21 септември 2017  |  Вести денес: 66

(ВИДЕО) Мите Пауноски го најавува почетокот на летото со видео запис за “Денот да почне со тебе“

По песните: “Далеку од очи, далеку од срце“, “Како да ти кажам збогум“, “Кажи место, кажи време“, поп-пејачот Мите Пауноски го претставува својот најнов видео запис за песната “Денот да почне со тебе“ чиј автор на музика и аранжман е Лазар Цветкоски, а автор на текстот е неговата сестра Магдалена Цветкоска- Ена.

Мите полека, но сигурно го полни своето музичко портфолио со нови нумери кои наскоро ќе се најдат на неговиот прв студиски албум. Инаку, спотот е изработен од креативниот тим на “Горила Филмс“, а истиот е сниман на локации во Љубаништа – Охрид и во Струга.

Се надеваме дека спотот ќе ви се допадне и оваа песна ќе биде одлична најава за вистинско летно уживање.

#Коментари
[fbcomments]