понеделник, 26 јуни 2017  |  Вести денес: 59

Капри колач


Кора
- Откако белките ќе ги изматите во црвст снег, почнете да додавате од шеќерот и матете со миксер се додека не го потрошите целиот шеќер и не стане сјајна смеса. Исклучете го миксерот и постепено додавајте го брашното во кое сте измешале оревите и пецивото. Измешајте го брашното, излијте ја смесата во плекот од шпоретот кој сте го послале со хартија за печење.
Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 25 мин.
Кога е печено извадете малку да се олади, превртете го, одлепете хартијата и пресечете на половина. Оставете нека се потполно олади.
Жолт фил
- Во сад изматете го пенесто маргаринот.
- Со миксер изработете ги жолчките со шеќерот и ванилата, додадете густинот и брашното, додадете во оваа смеса околу 150 мл. од вкупната количина на млекото. Измешајте.
- Остатокот од млекото ставете на оган да проврие. Тргнете на страна и во него ставете ја претходно сматената смеса со жолчките или пак обратно, во садот во кој е сматена смесата полека истурајте од зовриеното млеко и постојано мешајте да не се направат грутчиња. Вратете на тивок оган и доверете го како секој пудинг што се вари. Оладена оваа смеса додадете ја кај сматениот маргарин притоа постојано матејки со миксерот да добиете изедначена - хомогена смеса. Додадете ги сецканите ореви.
Фил од јагоди
- Во сад ставете шеќерот и 100 мл. вода да проврие, додадете ги јагодите и оставете нека се вари притоа налегајки ги со лажицата да се згмечат, но не потполно. Нека само кратко вријат,  да не е густ сокот кој го пуштаат.
- Пудингот и желатинот измешајте ги, додадете во него 15 лажици вода и растворете (ќе биде лепливо и густо). Ваквата смеса ставете ја кај јагодите и варете додека се згусти. Оставете нека се лади но почесто промешувајте да не ви се направи кора на површината. Не го преварувајте за да може полесно да го излиете, а откако сосема ќе олади се добива одлична цврстина на филот.
Чоколаден прелив
- На пареа истопете чоколада со маргаринот и маслото.
Оформување
- Земете една од корите и ставете на послужвник или тацна. Со една половина од црвениот крем, врз него од ставете од жолтиот крем. Преку жолтиот крем премачкајте со лажица од оладениот чоколаден прелив, потоа ставете ја одозгора другата кора и постапката повторете ја.
Вака приготвениот колач пожелно е да престои еден ден во фрижидер да се спојат сите вкусови - кои се за воодушевување.
Ова е оригиналниот рецепт кој стои во нотесот,
НАПОМЕНА
- Кај мене денеска е изменете рецептот само со поставувањето на чоколаден крем од причина што печев со зголемени состојки, добив три кори и тоа поголеми од она што предвидува рецептот. Фил недостасуваше, па затоа претрпе измени така што жолтиот фил го ставив целиот на првата кора, потоа искористив чоколаден крем фил со кој и го завршив колачот, го посипав со потпечени сецкани лешници. Се надевам нема да замерите затоа што на фотографијата е преставена мојата принудно изменета верзија која не изостанува за вкусот исто така.

извор:моирецепти.мк
#Коментари