недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 38

Facebook исклучи 14.000 профили – еве зошто и вашиот може да биде следен!

Социјалната мрежа Facebook за помалку од еден месец исклучи 14.000 кориснички профили поради порнографија и сексуално вознемирување, од кои 33 случаи се однесувале на сексуално вознемирување деца.

 

Facebook дозволува објавување на сексуални содржини како бакнување, фотографии со замаглени сексуални активности и фотографии со облека што алудира на секс, но сѐ додека тие содржини се разменуваат меѓу возрасни корисници.

Социјалната мрежа исто така дозволува и објавување на шеги со сексуална конотација.

Корисниците на кои им беа исклучени профилите објавувале експлицитни фотографии и видеоснимки што директно повикувале на секс, објави Guardian.

Некои од нив често вознемирувале деца така што им праќале голи фотографии и недолични пораки.

Facebook веќе подолго време е мета на критики дека ненавремено ги отстранува недоличните и вознемирувачки содржини.

Минатиот месец во Франција беа исклучени над 30.000 лажни профили што ширеле лажни информации.

Се проценува дека на Facebook има неколку стотици милиони лажни профили.

извор:кајгана

#Коментари