вторник, 26 септември 2017  |  Вести денес: 0

Брзи и вкусни: Бајадера-колачи

Состојки:
– 1 л млеко
– 150 г гриз
– 250 г маргарин
– 1-2 лажици какао
– 200 г шеќер
– 1 ванилин шеќер
– рендана кора од лимон и сок од пола лимон
– кекси
Приготвување:

Сварете ги млекото и шеќерот, додадете го маргаринот да се стопи и во таа смеса сварете го гризот. Поделете ја смесата на два дела, па во едниот дел додајте го какаото, а во другиот дел ванилиниот шеќер и лимонот.

Во тепсија со големина 20×30 наредете ги кексите, па ставете ја белата смеса. Потоа на белата смеса ставете кекси и завршете со црната смеса. Ставете во фрижидер и почекајте да се излади.

Извор: Убавинаиздравје.мк

#Коментари