понеделник, 26 јуни 2017  |  Вести денес: 58

Сочен колач од сув леб: Евтин и вкусен десерт за сечиј џеб!

Еве како да направите колач од стар леб во кој ќе ужива целото семејство!

СОСТОЈКИ:

  • 6 парчиња стар леб
  • 2 лажици растопен путер
  • 50 гр суво грозје
  • 4 јајца
  • 400 мл млеко
  • 100 гр шеќер
  • 1 лажичка мелен цимет
  • 1 лажица екстракт од ванила

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Загрејте ја рерната на 175 степени. Лебот стар еден ден искршете го на помали парчиња и ставете го во плех за печење. Преку лебот прелијте растопен путер и суво грозје.
  2. Во сад измешајте јајца, млеко, шеќер, цимет и ванила додека не се соединат сите состојки. Прелијте со смесата преку лебот. Изгмечете го лебот со вилушка така што во целост ќе биде прекриен со смесата.
  3. Колачот печете го во претходно загреана рерна околу 45 минути.

Уживајте!

извор:готви.мк

#Коментари