среда, 20 септември 2017  |  Вести денес: 74

Кинезите стануваат сопственици на уште еден европски автомобилски бренд

Кинескиот Geely кој е сопственик на Volvo, ќе купи 51% од акциите на Lotus.

 

Некогашната гордост на британската автомобилска индустрија, Lotus, кој е специјализиран за производство на лесни спортски автомобили, веќе со години е во сопствеништво на малезиската компанија Proton, а наскоро ќе тргне по стапките на Volvo, кого Geely го презеде во 2010 година.

Во последниве години, Lotus се наоѓа во криза од која никако не успева целосно да се извлече, а се верува дека Geely би можел да го препороди, како што тоа го направи со Volvo.

извор:кајгана

#Коментари