вторник, 22 август 2017  |  Вести денес: 21

Слатка пита со јагоди (видео)

Рецепт за слатка пита со јагоди. Постапката е иста и со вишни и малини…

СОСТОЈКИ ЗА ТЕСТО:

  • 2 јајца
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 350 гр брашно
  • 100 гр шеќер
  • 180 гр путер или маргарин
  • прстофат сол
  • 1/2 кесичка прашок за печиво

СОСТОЈКИ ЗА ФИЛ:

  • 300-350 гр јагоди или друго овошје
  • 5 лажици шеќер
  • 2 лажици густин

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Измешајте брашно, прашок за печиво, сол, додајте две јајца, ванилин шеќер, путер. Со раце замесете тесто, а во јагодите ставете шеќер и густин и добро измешајте.
  2. Тестото поделете го на два дела, еден дел развлечете го на хартија за печење во тепсија, од горе фил од јагоди, а другиот дел дел од тестото нарендајте го преку овошјето.
  3. Печете околу 30 минути на 200 степени.

Уживајте!

извор:готви.мк

#Коментари