недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 38

Фестивал на дувачки оркестри во Пехчево- ќе настапат „Црвена Јабука“, Наум Петрески…

Групата „Цвена јабука“ ќе настапи на сцената на Фестивалот на дувачките оркестри во Пехчево, со што и официјално општина Пехчево објави дека фестивалот ќе се одржи.

Директорката на фестивалот Елица Јовевска истакна дека и покрај блокираната општина заради актуелните случувања и изминатиот мандат на градоначалникот и Советот, фестивалот ќе се одржи во соработка и со поддршка на бинис-секторот.

– Мора да изразам благодарност на хотелот „Гогов“ од Пехчево кој е генерален спознор, но и на другите претставници од бизнис секторот во Пехчево. И покрај блокадите на општините, со оваа поддршка течат подготовките за фестивалот и се договараат и ѕвездите кои ќе настапат на сцената на 7-то издание на фестивалот на дувачки оркестри. Засега извесен е настапот на балканската група „Црвена јабука“, потоа „Љубојна“ и „Џамбо Агушеви“, Наум Петрески и Зуица Лазова, рече Јовевска.

Таа истакна дека е утврден и датумот на фестивалот.

– Фестивалот почнува по традиција на 13 јули на празникот на Пехчево, Павловден, а завршува на 15. со настапот на популарната балканска група Црвена јабука. На стартот на фестивалот ќе биде организиран и етносаемот на традиционални занаети и производи од Малешевијата. И оваа година очекуваме голем број гости да го посетат Пехчево, да ја слушнат музиката од виртуозите на трубата, да ги вкусат нашите спезијалитети и да ја почувствуваат убавата природа во овој дел на Малешевијата, порача Јовевска.

Десетици илјади гости гости го посетуваат малото Пехчево за време на фестивалските денови кои се одлична прилика за промоција на малата малешевска општина чија основна цел е развојот на туризмот. Трубачката традиција во Малешевијата која порасна во фестивал и оваа година на мегдан на сцената ќе ги донесе врвните трубачки имиња од Балканот, а среќата ќе си ја пробаат и локалните трубачки оркестри кои ќе се натпреваруваат за златната труба.

извор:Курир

#Коментари