понеделник, 26 јуни 2017  |  Вести денес: 59

5 разлики помеѓу вкусните и „пластичните“ јаготки

5-razliki-pomegu-vkusnite-i-plasticnite-jagotki-001.jpg

Јаготки – најубавото овошје кое ни најавува дека летните денови пристигаат.

Но, за оние кои не знаат да ги одберат вистинските, може да се само уште едно просечно овошје.

Богати со антиоксиданси, магнезиум и калиум, но исклучиво ако ги одбирате вксуните и природните јаготки.

Како да ги препознаете „пластичните“ јаготки?

1. Мирис

Зрелите и вкусни јаготки секогаш имаат слатка арома. Колку повеќе мирисаат – толку помалку хемикалии имаат.

5-razliki-pomegu-vkusnite-i-plasticnite-jagotki-1.jpg

2. Боја

Зрелите јаготки би требало да бидат светло црвени и сјајни. Белите и зелени делови се знак на недозреаност и не треба да купувате такви јаготки, бидејќи откако ќе се наберат – не дозреваат.

5-razliki-pomegu-vkusnite-i-plasticnite-jagotki-2.jpg

3. Облик и големина

Не трчајте да ги соберете големите јаготки – можно е да биле третирани со хемикалии или да им е вбризган вештачки волумен. Исто така, внимавајте на оштетените делови. Бирајте јаготки со средна големина и несовршен облик.

5-razliki-pomegu-vkusnite-i-plasticnite-jagotki-3.jpg

4. Ливчиња

Прво, избегнувајте јаготки кои немаат ливчиња. Второ, избегнувајте јаготки со суви листови и дршки. Листовите би требало да се светло зелени.

5-razliki-pomegu-vkusnite-i-plasticnite-jagotki-4.jpg

Совет плус: Јаготките кои имаат растојание од дршката до листовите, сигурно се слатки. Ако ливчето е залепено за јаготката, веројатно е малку кисела.

5. Семки

Уште еден начин да ја уловите слатката јаготка – колку што семките се поодалечени и подлабоко поставени во плодот, толку послатка е јагодата.

5-razliki-pomegu-vkusnite-i-plasticnite-jagotki-5.jpg

Извор: Црнобело.мк

#Коментари