вторник, 22 август 2017  |  Вести денес: 20

Што не смеете да јадете на празен стомак?

Секој ужива во овошен јогурт или лиснато со кулен но, за жал, некои производи колку и да се вкусни не е препорачливо да се јадат на гладен стомак.

На гладен стомак не е препорачливо да се јадат производи кои содржат квасец и предизвикуваат дуење на стомакот, затоа избегнувајте ги лиснатите теста. Ферментираните млечни производи какви што се овошните јогурти го нагризуваат вашиот желудник и создаваат киселини.

Слатките и бонбоните оставете ги за подоцна бидејќи шеќерот го зголемува нивото на инсулин и ве прави уште повеќе гладни. Да не го заборавиме и дијабетесот.

Природните влакна во крушката како и високото ниво на киселини во доматите можат да предизвикаат чир на желудникот.Краставиците се богати со аминокиселини кои се причина за подуеност и болки во стомакот, а банана на празен стомак не бива поради тоа што го зголемува количеството магнезиум во крвта што е штетно за срцето.

Лутите зачини, ладните и газирани пијалоци како и цитрусното овошје прават хаос во вашиот желудник наутро и не се препорачуваат како прв избор за појадок. Некои диети ги вклучуваат овие производи за почетокот на денот, па запрашајте се колку од овие диети го земаат вашето здравје во предвид?

Сега, откако здраво го размрдавме вашиот бес со премногу информации, не би било лошо да ве посочиме кон неколку здрави алтернативи кои ќе ви го подобрат утрото.

Јадете овесна каша. Овесот го штити желудникот и не дозволува киселините да му наштетат.

Хељдата и палентата се исто така прекрасен избор за појадок. Хељдата е полна со белковини и витамини и го намалува холестеролот, а палентата ја стабилизира цревната микрофлора и ве одржува сити подолго време.

Научно е докажано дека доколку јадете јајца наутро нема да се прејадувате во текот на денот, а ако не сакате нешто такво каснете лубеница и уживајте. Лубеницата е добра за здравјето на очите и срцето бидејќи содржи високо количество ликопен.

Извор: Кајгана.мк

#Коментари