вторник, 22 август 2017  |  Вести денес: 58

Еве зошто водителката на Канал 5 изгледа секси, свежо и младо: Деа не може без црна тантела, банана, бадем и авокадо!

Новата водителка на утринската на Канал 5 Анастасија Деа Богданоска подготвена го дочекува летото. Секогаш уредна и добро стокмена, таа зрачи со својата убавина, изглед и сексапил… Постојано свежа и насмеана, привлечната водителка очигледно има таен рецепт кој ја поттикнува волшебната игра на сетилата.

Ако внимателно ѕирнете во нејзината „интима“ ќе забележите дека Деа има скриен фетиш… Кон изразена елеганција, црна тантела, црн накит и аксесоари… Но  постои уште нешто, што ја одржува нејзината свежина и форевр јанг изглед. Тајната на нејзиниот бејби фејс: Банана, бадем и авокадо, за лицето секогаш да ви изгледа свежо и младо.

Сончевите зраци не ни се најдобри пријатели кога станува збор за стареење на кожата, па покрај задолжителните креми со заштитен фактор, Деа ви препорачува маска која ќе Ви помогне да ја зачувате кожата на лицето што е можно подолго млада и негувана. Истата може да се користи и како пилинг и како маска – зависно од времето кое го имате на располагање во моментот.

Состојки:

  • Семка од авокадо
  • 4 супени лажици јогурт
  • 1 супена лажица бадемово масло
  • Лушпа од банана

За начинот на подготовка, ќе морате да и се обратите на Деа.

Потоа, веруваме дека од лицето не ќе можете да ја симнете насмевката… Исто како водителката!

#Коментари
[fbcomments]