понеделник, 21 август 2017  |  Вести денес: 67

Цеца открива како „Кукавица“ стана евергрин: Кои се ја одбиле, а таа ја испеа и стана хит!

Светлана Цеца Ранатовиќ во 1992 година доживеа голема експанзија во својата музичка кариера кога ја сними песната „Кукавица“, која дури 6 години чекала некој да ја забележи. Бидејќи таа балада ја одбиле Лепа Брена, Весна Змијанац и Драгана Мирковиќ.

Авторите на овој голем хит Марина Туцаковиќ и нејзиниот сопруг Александар Фута Радуловиќ песната прво им ја понудиле нив. Но на никој не му се допаднала. Шест години подоцна поради Цеца ја извадиле од фиока.

После албумот „Бабарога“ направив пауза од една година и пол. Знаев дека сакам нешто друго, позрело и одлучив да одам кај Марина и Фута. Така започна и нашата соработка. Кога се појавив кај нив ми рекоа не само една песна за мене, туку имаат цел албум, рекла Цеца.

„Кукавица“ шест години стоела во нивната архива како отфрлена. Ја нуделе на Весна, Драгана, Брена и други пејачи. Марина тогаш ми рече дека има песна што нив не им се допаднала, но тоа мене не ме интересираше. Фута инсистираше да ја слушнам, а таа му одговори дека не доаѓа во предвид и да заборави на таа песна. Бидејќи ме заинтересира насловот, инсистирав да ја слушнам. Кога почнаа првите тактови и кога ги слушнав зборовите „Прегрни ме“ имав прекрасно чувство. Им реков: „Ова ќе го снимам уште вечерва“. Фута уште истата вечер направи аранжман, јас утредента влегов во студио, ја отпеав од прво и сега е евергрин, рекла фолк ѕвездата.

#Коментари
[fbcomments]