вторник, 17 октомври 2017  |  Вести денес: 41

Розов спортски стајлинг и лице без грам шминка: Верица Пандиловска вака го искачува Водно! (фото)

Во месец март Верица Пандиловска го промовираше својот последен видео запис за песната „Нема да остареш“, како и албумот „Само за тебе“, а потоа следуваше една исцрпувачка турнеја по сите македонски медиуми за презентација на истиот.

Покрај обврските околу музичката кариера, Верица е директорка во една позната компанија, па нејзиното секојдневие често се одликува со густо набиен распоред.

Токму поради тоа релаксацијата и исклучувањето на мозокот од се е неопходно за таа да функционира продуктивно, па затоа секој слободен миг го користи за да избега во природа.

Деновиве Верче се релаксираше со прошетка на Водно за која облече спортска розова комбинација. На лицето како што прилега за физичка активност од овој тип не стави ниту грам шминка, а целата авантура ја заокружи со едно селфи за на социјалните мрежи. Пејачката блеска со младешки сјај во ова издание.

#Коментари
[fbcomments]