среда, 18 октомври 2017  |  Вести денес: 0

УХМР повторно со вонредна прогноза

Пороен дожд, грмежи и можна појава на суградица има во Демирхисарско со правец на движење кон северниот дел од Пелагонија, соопшти УХМР.

Друга нестабилна облачна маса со слични размери се наоѓа над планината Ниџе и се движи кон исток.

УХМР предупредува дека попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. На места е можна појава на невреме со пообилен пороен дожд, засилен ветер и град.

Во Скопје е умерено облачно, а попладне се очекуваат краткотраен пороен дожд и грмежи.

Извор: Курир.мк

#Коментари