вторник, 17 октомври 2017  |  Вести денес: 47

Македонија со победа го заврши турнирот во Скопје

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија вчеравечер ја победи Босна и Херцеговина на пријателскиот турнир во Скопје со 72:60.

Поразот во 2.коло од Јапонија не влијаеше на самодовербата ниту пак на концентрацијата на македонските кошаркарки кои турнирот го завршуваат со две победи од три натпревари.

Босна и Херцеговина имаше сили да се спротивстави само во првиот дел од натпреварот, за да потоа настане апсолутна доминација на теренот на нашите репрезентативки.

Јелена Антиќ со 19 и Криси Гивенс со 16 поени беа најефикасни во победничкиот состав.

Конечен пласман: Јапонија 3-0 (победи-порази), Македонија 2-1, Босна и Херцеговина 1-2 и Бугарија 0-3.

#Коментари