четврток, 29 јуни 2017  |  Вести денес: 0

СКАНДАЛОЗНО: Фрчкоски од СДСМ бара рушење на споменици, затворање на факултети, легализација на дроги и простутиција

Рушење на споменици и фасади, затворање на факултети, реизбор на судии, легализација на дроги и проституција се само дел од скандалозните барања на главниот сдсмовски идеолог Љубомир Фрчкоски до новата власт, искажани во скандалозна колумна за порталот Либертас.

Во својата колумна „Само напред и никогаш роб“, едно од првите барања на Фрчкоски е рушење на споменици и фасади, бидејќи Александар и Филип не биле споменици на Македонците.

Итно отстранување на неколку споменици и фасади од проектот Скопје-2014 (Александар и Филип не се наши национални симболи, да не зборувам за Ќосето пред Судска палата, фасадите на  Владата, Нама и новионт брутализам на дел од Поштата), пишува Фрчкоски.

Забот кој го боли Фрчкоски, лустрација, исто така е на врвот од неговите барања. Фрчкоски, кој што беше лустриран кодош, бара поништување на лустрацијата.

Закон за поништување на Законот за лустрација (отворање на можностите за оштетни побарувања и кривична одговорност на Томе Аџиев и др.), пишува Фрчкоски.

Идеологот на СДСМ бара и смена на обвинителите, истите оние кои го гонат Зоран Заев за „Поткуп“, Радмила Шекеринска за перење пари и редица други. Фрчкоски бара и бркање на луѓе од МВР под плаштот „професионализација“.

Чистење на МВР од врските со криминалното подземје (нова систематизација и бркање на лицата со лажни дипломи од МВР); Разрешување конечно на оној врзан јазол на злоупотреби поврзани си УБК во МВР , пишува Фрчкоски.

Фрчкоски дури се дрзнува да бара и амнестија на затвореници кои биле политички активни, иако во Македонија нема такви.

Да се обмисли амнестија на затвореници (политички прогонети, монтирани процеси или осудени за полесни кривични дела, што пригоди на нова власт од суштествен карактер), пишува Фрчксоки.

Главниот иделот на СДСМ бара и реизбор на судии, за целосно завладување и ставање на судството под контрола на СДСМ по теркот на оној реизбор од 1996-та година кога 600 судии беа избрани идеднаш.

Реизбор на судиите (комплексен проект со учество на странци, некои модели од соседството се корисни. Она што е важно е да се изберат судии на начин што ќе ги стабилизира од коментари дека биле „нивни“, а сега се „наши“, а тоа учеството на странци во изборот може да обезбеди), пишува Фрчкоски.

Фрчкоски бара и нов закон за високо образование, кој би бил по теркот на соросовиот Професорски пленум.

Нов Закон за Високо образование (проектот е веќе направен од експертска група на Професорскиот пленум и е добро базиран врз основните принципи на автономија и финансиска автономија), пишува Фрчкоски.

Тој бара и укинување на дисперзираните студии “во секое село”, со што  илјадници студенти ќе останат без факултет и ќе ги изложат на дополнителни трошоци. Тоа значи зголемување на трошоците за студирање и замрување на многу градови кои Фрчкоски ги нарекува “села”.

Меѓу барањата на поранешниот претседателски кандидат на СДСМ е и нов либерален Закон абортус, со кој наместо да се намалува ќе се стимулира абортусот.

Нов закон за абортусот (со негова либерализација и насоченост кон здравјето и телото на жената и контролата врз него на неа исклучиво), пишува Фрчкоски.

Фрчкоски бара и легализација на геј бракови, плус регулација на сексуални работнички.

Заштита и ЛГБТ лица (опција за „граѓански партнерства треба да биде отворена“), Сексуални работнички (чија работа треба да се регулира и заштити, а не подложува единствено на полициски прогон и злоупотреби ), пишува Фрпкоски.

Идеологт на СДСМ бара и нови КЗ одредби за заштита и пенализација на говор на омраза и дела од омраза, со што новата власт сака да воведе санкционирање и политички отстрел на неистомислениците. На крајот на скандалозните барања на Фрчкоски се и легализирање на дрога, марихуана и депенализација на лесни дроги.

Депенализација на лесни дроги и легализација на употребата на марихуаната, заклучува Фрчкоски.

Извор:Курир.мк

#Коментари