четврток, 29 јуни 2017  |  Вести денес: 0

Ристовски: Министерката за образование наместо да понуди нови решенија во образованието кои ги ветуваше СДСМ, таа се занимава со антиреформи

Најпрво би сакал да верува дека ова денеска е една несреќна изјава, а јас би рекол и скандалозна и изненадувачка, а на моменти и разочарувачка, сепак станува збор за министер за образование кој само неколку дена е на својата функција и само после неколку дена јас ја разбирам потребата од излегување и пијар настап, меѓутоа ние во изминативе четири, пет дена  ние не слушнавме ништо од министерката што ќе понуди за подобрување на образованието, како мерки кои нејзината партија ги најавуваше, напротив ние пет дена слушаме мерки за за укинување и анти реформи, изјави поранешниот заменик министер за образование и наука Спиро Ристовски во вестите на телевизија Алфа.

-Исклучително сум разочаран од изјавата на министерката поради причина што станува збор за еден значаен прокет кој се спроведе во Македонија пред се во областа на проучување на математиката и природните науки, тоа се двете науки во кои Македонија со години наназад покажува континуитет на намалување на квалитетот и од таа причина ние се одлучивме на ваква соработка со универзитетот Кембриџ. За нас е поразително што СДСМ се уште не е излезен од филмот дека е опозициона партија, сега е одговорноста кај нив сите овие анти реформски чекори кои имаат директно влијание врз учениците на еден начин ќе нанесат штета на генерации и генерации ученици, потенцираше Ристовски.

Тој истакна и дека верува дека ова е несреќна изјава на новата министерка и дека таа ќе се консултира со сите нејзини советници и дека нема да се движи по она што се нивни размислувања додека беа во опозиција.

Извор:Курир.мк
#Коментари