вторник, 22 август 2017  |  Вести денес: 21

Пијалак со кој ќе спиете подолго

На состанокот “Experimental Biology 2014” се претставени резултатите од најновото истражување според кое пиењето на сокот од кисели вишни два пати во денот, може да се продолжи сонот по час и половина секоја ноќ.

Надгледувани се седум постари особи со несоница, кои морале да пијат два ипол децилитра Montmorency сок од кисели вишни два пати во денот во текот на две седмици. По тоа следеле две седмици без сок,  за на крајот последните две седмици конзумирале плацебо. Во споредба со плацебото,  додека го пиеле испитаниците сокот спиеле во просек по 84 минути повеќе секоја ноќ.

Сокот од вишни е инаку познат како природен извор на мелатонин – хормон кој влијае на циклусот на спиење и будење, тврди Френк Гринвеј  коавторот на истажувањето.

Гринвеј проценува дека третина од постари Американцеи кои се над 65 години патат од несоница. Тој смета дека сокот од кисели вишни е сигурен начин да се подобри квалитетот на сонот отколку да конзумираат таблети.

Доколку не сте обожавател на вишни, пробајте киви бидејки конзумацијата на киви 1 час пред легнување исто така го продолжува времето на спиење за 13 % и исто тка го намалило месечарењето по седум дневна редовна конзумација.

Извор: Мама365

#Коментари