недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 38

Хана на Тамара Тодевска има ХИТ летен стајлинг ама нејзиниот чичко УШТЕ ПОВПЕЧАТЛИВ! (фото)

Малата Хана е сонцето на мама Тамара Тодевска, како што и самата Тамара милува да каже од време на време за својата миленичка.

Пејачката својата ќерка обожава да ја дотерува, а овие топли денови Хана постојано е во парчиња облека со ведри бои, во впечатливи сандали, капчиња со принт, па дури и очила за сонце.

Деновиве на гости кај Тамара појде стилистот Александар Ношпал и за таа пригода облече интересна маичка со принт. Од шаренилото Хана беше воодушевена, па седната во скутот на овој чичко задлабочено гледаше во боите.

Тамара изгледа ќе треба да појде на шопинг и да обезбеди нешто слично и за Хана!

 

#Коментари
[fbcomments]